Новости
среда, 16 август 2017 13:31
Во просториите на Секретаријатот за Европски Прашања, се одржа средба меѓу Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи и Заменик Министерот за надворешни работи на Република Естонија, задолжен за Европски прашања, Мати Маасикас, при што двајцата соговорници имаа обраќање до јавноста.
Во своето обраќање, Вицепремиерот Османи уште еднаш ја потврди детерминираноста на Владата во отстранувањето на сите пречки кои претставуваат пречка за нашите евроинтеграции – имплементацијата на Планот 3-6-9, како и затворањето на отворените политички прашања, меѓу кои се и односите со соседите, но и донесувањето на законот за употребата на јазиците.
„Притоа сакам да истакнам дека Република Македонија гледа оптимистички на претседавањето со Советот на Европската Унија од страна на Република Естонија до крајот на годината, период кој нашата држава реши да го посвети на реформите и отстранување на сите пречки кои го отежнуваат приближувањето на Македонија кон Унијата. Наша цел е, додека трае претседавањето на Естонија, да ги добиеме првите конкретни чекори од страна на Унијата кои ќе бидат во насока на визибилноста на европската перспектива на Република Македонија.“ – истакна Османи на средбата. Тој додаде дека е добро што Република Македонија, на овој пат кон Европската унија, има пријатели и поддржувачи, и дека Република Естонија ја смета за таков сојузник.
Маасикас, заблагодарувајќи се на гостопримството и пријателството кое го чувствува веќе втор ден од неговата посега на Република Македонија, истакна дека ЕУ ја потврдува својата позиција за поддршка на процесот на проширување, а претседавањето на Естонија, како и последователно, следните претседателства на Бугарија, Австрија и Романија, претставуваат одлична шанса, добар моментум, кој не треба да го пропуштат земјите од Западниот Балкан.
„Импресиониран сум од посветеноста на Владата да го искористи овој моментум. Да се посвети на реформите и отстранување на останатите пречки на патот кон Унијата. Проширувањето е мерит процес, и сите земји, кои имаат аспирации и ги исполнуваат условите, треба да бидат дел од Европската Унија“ – истакна Маасикас при обраќањето. Тој го потенцираше фактот, дека сите успешни итегративни процеси во Централна и Источна Европа се изградени на силен внатрешен консензус, порачувајќи го тоа искуство и за Македонија.