Новости
среда, 16 август 2017 10:32
Денес Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи престојуваше во официјална посета на Брисел заедно со претседателот на Владата, Зоран Заев, Заменик претседателката на Владата и Министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска и Министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Во текот на посетата беа остварени средби со Високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, со Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан како и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
На средбата со Могерини беше потенцирана силната поддршка за продолжување на реформите за влез во Унијата. Високата претставничка Могерини истакна дека Македонија има силен сојузник во ЕУ и рече дека доколку реформите се спроведат ефикасно, Унијата ќе ја засили својата поддршка.