ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Адеми, Кларк и Винтон во посета на проекти реализирани со УНДП
17:06, петок, 24 март 2017
Денес Вицепремиерот Арбр Адеми заедно со Администраторот на УНДП, Хелен Кларк и постојаниот координатор и претставник на УНДП во Македонија, Луиза Винтон, градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, и министерката за локална самоуправа Ширет Елези, посетија проекти финансирани од страна на УНДП во Тетово.

Вицепремиерот Адеми во текот на разговорите особено ја истакна континуираната поддршка на УНДП за развојот на национално и локално ниво, преку реализација на голем број конкретни проекти. Адеми и Кларк исто така разговараа за формите на досегашната соработка и можностите за продлабочување на истата. Вицепремиерот Адеми истакна дека соработката со канцеларијата на УНДП во Скопје е на извонредно високо ниво, што резултира и со успешни проекти во голем број сектори од кои зависи сèвкупниот развој на земјата, како и поддршката во процесот на европска интеграција.  Посебно беше истакната помошта на УНДП во делот со справување со кризи и санација на штетите од неодамнешните поплави, како и превенција од нови катастрофи.

Адеми нагласи дека поддршката од страна на УНДП е особено пожелна во областите добро владеење, животна средина и социјална инклузија, во согласност со стратешките цели на Република Македонија за развој и пристапување во ЕУ.

Вицепремиерот Адеми во текон на денот во просториите на Владата на Република Македонија, учествуваше на билатералната средба со Претседателот на Владата, Емил Димитриев и Администраторот на УНДП, Хелен Кларк.
Сподели ја содржината!
Вести
Османи и Дураку во посета на општина Дебар
Државната Секретарка Габер во работна посета на Брисел
ОСМАНИ: УНГАРСКОТО ИСКУСТВО ВО ПРЕГОВОРИТЕ Е ОД ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА НАС
14-ти Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европската унија
СРЕДБА ТИЛЕВ - ПЕТКОВ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.