ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Најави
„MATRA ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ ПО ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО“
11:05, петок, 10 март 2017
„Matra програма за обуки по владеење на правото“  

Матра програмата за обуки за владеење на правото е двогодишна програма (2017-2018) составена со цел зајакнување на институционалните капацитети во областа на владеењето на правото во рамките на државните институции во Западен Балкан, Турција, Украина, Георгија и Молдавија. За таа цел се нудат седум програми годишно, секоја од нив предвидува на учесниците да им се понудат најдобрите искуства од Холандија со широк спектар на теми во областа на владеењето на правото. Преку интерактивните сесии комбинирајќи теорија, практични вештини и студиски посети, политички советници, судски и други државни службеници вработени во владините и судските сектори да се стекнат со потребните знаења и вештини за да ги спроведат реформите во нивните матични земји. Освен ова, учествувајќи во обуките, учесниците стануваат дел од широката меѓународна мрежа на алумни, предавачите и соодветните државни сектори во Холандија и во целните земји. Ова мрежа нуди платформа за учење, размена на искуства и соработка.

Матра програмата за обуки за владеење на правото е проектиран и реализиран од Хелсиншкиот комитет на Холандија, Правниот факултет Леиден и Хашката Академија за локална самоуправа, и е финансиран од Министерството за надворешни работи на Холандија.

Постапката за апликација за обуката „Интегритет на административните службеници“ (10-19.05.2017 година) е отворена.

За аплицирање кликнете тука  
  
http://www.nhc.nl/topics/matra_rule_of_law_training_programme/


За 2017 и 2018 година се нудат следните програми: 

1. „Интегритет на административните службеници“ (10-19.05.2017 г. и 07-16.03.2018 г.)

Корупцијата е главниот предизвик за владеењето на правото и доброто владеење во Европа. Во продолжение, за да се процесуират случаите на корупција, од суштинско значење е да се создава институционална и правна рамка за да се промовира интегритетот на административните службеници и да се спречи корупцијата. Во таа насока, административните службеници треба да се обучат како да менаџираат и управуваат во врска со дилемите на интегритетот.  

2. Спроведување на правото (07-16.06.2017 г. и 07-16.03.2018 г.)
Независните и непристрасните судови треба да обезбедат основа за владеење на правото. Многу е важно судовите да ја уживаат довербата на двете страни кои се појавуваат пред нив и довербата на пошироката јавност исто така. Но, тоа бара постојан одраз врз клучните теми како што се пристап до правдата за сите, ефикасност, професионална етика, транспарентност, комуникација и управување со судовите.  

3. Јавни набавки (21-30.06.2017 г. и 03-12.10.2018 г.) Трошоците на ЕУ за стоки и услуги достигнуваат околу 20% од БДП. Поради големиот финансиски удел и потребата од блиска соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор, важно е да се воспостават јасни правила за јавни набавки. Ова бара постојано размислување за релевантните права и процедури кои гарантираат еднакви можности меѓу конкурентите.  

4. Човекови права и малцинства (13-22.09.2017 г. и 05-14.09.2018 г.)
Промовирањето и заштитата на човековите права е тесно поврзано со владеењето на правото. Меѓутоа, независно од постојното законодавство, заштитата на загрозените групи како што се етничките малцинства, ЛГБТ и жените остануваат проблематични прашања. Ова бара постојано размислување за важноста на човековите права во пошироки размери на политиките, во односите на земјите со Европскиот суд на човековите права, и за потребата за да се земаат предвид упатствата на ЕУ и меѓународните договори за човекови права во политиката и законодавството.  

5. Децентрализација и учество на граѓаните (04-13.10.2017 г. и 06-15.06..2018 г.)  
Децентрализацијата процесите на донесување одлуки ги зближува до граѓаните. Така што, може да придонесе за поголемо учество, транспарентност и одговорно владеење. Сепак, тоа покренува одреден број на прашања кои треба да се решат. Како треба да се управуваат меѓу-административните односи во децентрализиран систем на управување? Како може да се создаде поднационална власт, која што ќе има капацитет на ефективни услуги на инклузивен начин? Како се прави фискалната, политичката и административната децентрализирана рамнотежа?  

6. Слобода на медиумите (06-11.10.2017 г.)  
Слободниот печат е суштински за демократијата. Како јавен чувар печатот може да обезбеди платформа за јавна дебата, таму каде што е потребно може да пријавува случаи на лошо управување. Но, слободата на изразувањето со себе носи должности и одговорности. Како може да се справи со ситуации каде што медиумите се користат за пропагандни цели или за дистрибуција на „лажни вести“? Која е улогата на социјалните медиуми?  

7. Управување со јавните финансии (08-17.11.2017 г. и 11-20.04.2018 г.)  
Здрава состојба на јавните финансии бара внимателно управување со трошоците на владата, приходите, заемите и долговите. Дефицитите и долговите треба да останат во рамките на ограничувањата утврдени со меѓународните и домашните стандарди. Клучните вредности треба да бидат правната сигурност и предвидливост, транспарентноста, интегритетот на ефективните политики за спречување на корупцијата и измамата, како и децентрализацијата.  

8. Притворот и алтернативните санкции (06-13.06.2018 г.)   Растечка стапка на затворање, вклучувајќи го и притворот, коешто предизвикува финансиско оптоварување за националните влади и ефектите врз социјалната кохезија. Ова покренува одреден број на прашања кои треба да се решат. Како може да се подобрат условите во затворите? Кои зголемени ризици прават младите да се соочат со притвор? Кои се можните алтернативи за притвор, и како може овие и стратегиите за реинтеграција да се подобрат, да имаат позитивен ефект врз сторителите, жртвите и општеството како целина?
Сподели ја содржината!
Најави
Видео материјал промовирање на ИПА Проектот НАТУРА2000 Видеото е изработено во рамки на ИПА проект „Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000“, НАТУРА2000 е најголемата координирана мрежа на заштитени подрачја во Европа. Нејзина цел е да обезбеди долгорочен опстанок на највредните и загрозени видови и живеалишта во Европа, наведени во Директивата на ЕУ за птици и Директивата на ЕУ за живеалишта.
„MATRA ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ ПО ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО“
Видео материјали промоција на програмата на ИПА фондовите
Видео материјали промоција на програмата Еразмус+.
Комуникација за политиката на проширување на Европската Унија и Извештаите за земјите од Западен Балкан и Турција за 2016 година
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.