Новости
петок, 10 февруари 2017 13:31
Денес во Министерството за внатрешни работи се одржа свеченост по повод примопредавањето на возила од страна на Комесарот Јоханес Хан, како поддршка на нашите институции кои беа вклучени во справувањето со миграциската криза кои се набавени преку фондовите на Европската Унија.
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Арбр Адеми во своето обраќање посочи дека од почетокот на мигрантската криза Европската унија, и земјите членки континуирано ги помагаат нашите напори за спречување на нелегалните миграциски движења.
Кризата ни покажа дека овој регион треба што е можно побрзо да стане дел од Европската унија и нејзиниот безбедносен систем, бидејќи заедничките напори и соработка се најсоодветниот одговор на сите предизвици, посочи Адеми.
На крајот Вицепремиерот Адеми изрази благодарност до Делегацијата на ЕУ за активната поддршка и помош при планирањето и реализацијата на помошта наменета за справување со последиците од мигрантската криза, и очекување дека ваквиот пристап ќе се рефлектира и на останатите мерки.
Еврокомесарот Хан со оваа свеченост ја заокружи неговата посета во Република Македонија.