Новости
четврток, 26 јануари 2017 09:48
Денес во просториите на СЕП се одржа првиот Управен Комитет на лесниот твининг „Дополнителна поддршка за зајакнување на ЕУ и ИПА капацитетите на Центарот за обука на Секретаријатот за европски прашања“.
Проектот е финансиран од страна на Европската унија преку ИПА ТАИБ 2012 во износ од 250.000 евра со план на реализација до средина на 2017 година. Твининг партнер на овој проект е Сојузна Република Германија.
На првиот Управен Комитет воведно обраќање имаше Државниот секретар на Секретаријатот за европски прашања г-ѓа Ана Блажеска.
Пред присутните се обрати и г-ѓа Даниела Хајд, Проектен лидер од Сојузна Република Германија која ги презентираше досегашните активности и остварените резултати реализирани преку размена на искуства со експерти од Германија, Романија, Латвија, Бугарија и Хрватска во период од Октомври- Декември 2016 година.