Новости
вторник, 13 декември 2016 14:57
Државниот советник за европски политики и
координација Драган Тилев, на 06-7 декември беше во работна посета во Брисел,
при што реализираше средба со одговорните за Македонија во ГД НЕАР и зема
учество на традиционалната годишна конференција на Пријателите на Европа,
посветена на процесот на европска интеграција на Западниот Балкан. Главен
говорник на Конференцијата беше Комесарот Јоханес Хан, покрај поранешниот
Комесар за проширување Штефан Фуле, Генералниот секретар на Центарот за
регионална соработка Горан Свилановиќ и други, а Владата на Македонија ја
претставуваше Министерката за информатичко општество и администрација, Марта
Арсовска Томовска, која говореше на тема, Поттикнување на развојот и
инвестициите преку зајакнување на регионалната поврзаност.