Новости
петок, 18 ноември 2016 15:29
Државниот секретар за европски прашања, г-ѓа Ана Блажеска денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања оствари средба со ко-претседателот на Заедничкиот консултативен комитет г-дин Жан-Франсоа Истас при Комитетот на региони во Европската унија.
На средбата се разговараше за динамика на активностите поврзани со Евро-интегративниот процес, како и за последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за исполнување на условите за почеток на преговори за членство во Европската унија.
Соговорниците разменија мислење за актуелната економска и политичка ситуација во земјава и регионот. Државниот секретар Ана Блажеска се осврна на улогата на Секретаријатот за европски прашања и воедно подвлече дека членство во Европската унија е стратешка определба на земјава.
Г-дин Жан-Франсоа Истас ја потврди поддршката за членство на Република Македонија во Европската Унија подвлекувајќи дека Македонија има потреба од Европската унија но и Европската унија има потреба од Република Македонија.
И двете страни средбата ја оценија како корисна и се договорија за идна понатамошна соработка.