Новости
вторник, 25 октомври 2016 15:02
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Арбр Адеми денес оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Словенија во Република Македонија, д-р Милан Јазбец.
Вицепремиерот Адеми и амбасадорот Јазбец се согласија дека двете земји имаат одлични билатерални односи кои се карактеризираат со долгогодишна и успешна соработка без отворени прашања.
Во тој контекст вицепремиерот Адеми ја истакна Република Македонија е добар пријател на земјата и значаен поддржувач повеќе области, особено процесот на за евро-атлантската интеграција. Адеми посочи дека за земјата,но и за регионот да биде задржана европската перспектива.
Амбасадорот Јазбец се согласи дека политиката на проширување е една од најзначајните европски политики и најсоодветниот одговор на структурните предизвици со кои се соочува Унијата. На средбата се дискутираше и за клучните активности реализирани изминатиот период согласно обврските кои произлегуваат од Политичкиот договор, при што двајцата ја истакнаа важноста на организирање демократски и кредибилни парламентарни избори.
Вицепремиерот подвлече и дека останува посветеноста на Владата и за исполнување на обврските кои произлегуваат од Итните реформски приоритети како и целосна имплементација на препораките од анализата на Охридскиот рамковен договор.