Новости
среда, 05 октомври 2016 12:23
„Економската соработка помеѓу земјите од регионот ја зголемува конкурентноста на нашата економија и ја подготвува за справување со притисокот од конкуренцијата во рамки на ЕУ и посочи дека активното учество во телата на ЦЕФТА е во согласност со стратешките приоритети на Владата на Република Македонија за членство во ЕУ, остварување на динамичен економски раст и зголемување на животниот стандард„ рече вицепремиерот Адеми, во воведното обраќање на Регионалната конференција „Република Македонија – 10 години од ЦЕФТА 2006”
Зборувајќи за значењето на економската соработка во регионот како и за придонесот на ЦЕФТА Адеми истакна дека активностите во рамки на ЦЕФТА се интегрален дел од повеќе домашни и регионални стратешки документи меѓу кои прво би ја спомнал Националната програма за усвојување на европското законодавство, Поглавје 30- надворешни односи. Активностите во ова поглавје имаат за цел постигнување на високо ниво на трговска интеграција помеѓу нашата земја, земјите од Западен Балканот и ЕУ.
Конференцијата „Република Македонија – 10 години од ЦЕФТА 2006” ја отвори министерот за економија Дритон Кучи, а на панел-дискусиите учествуваа и в.д. директорот на ЦЕФТА, г. Умут Ергезер, како и експерти од Македонија и странство и претставници од институциите, стопанските комори и академијата.