Новости
вторник, 04 октомври 2016 12:40
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Арбр Адеми денес оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во Република Македонија, г-дин Кристиан Тимоние.
Адеми ја нагласи важноста на француската поддршка за нашите институции особено соработката со Секретаријатот за европски прашања, која е од исклучителна важност во областа на ИПА фондовите и комуникацијата.
Во однос на политичката состојба Адеми накратко го запозна амбасадорот Тимоние со клучните активности реализирани изминатиот период согласно обврските кои произлегуваат од Политичкиот договор, и двајцата ја истакнаа важноста на организирање демократски и кредибилни парламентарни избори. Вицепремиерот истакна дека останува посветеноста на Владата и за исполнување на обврските кои произлегуваат од Итните реформски приоритети како и целосното спроцедување на Охридскиот Рамковен Договор.
Вицепремиерот Адеми му посака на новиот француски амбасадор Тимоние успешна работа во текот на неговиот мандат, изразувајќи надеж за понатамошно продолжување и унапредување на меѓусебната соработка.