Новости
вторник, 27 септември 2016 17:04
Државниот секретар за европски прашања, г-ѓа Ана Блажеска денес оствари средба со Постојаниот координатор на ОН и Постојан претставник за УНДП во Република Македонија, г-ѓа Луиза Винтон.
На средбата се разговараше за ситуацијата со поплавените области од поплавите кои се случија на 6. август оваа година, како и за статусот на подготовка на Проценка на потребите по настанување на природни несреќи и катастрофи - ПДНА.
Во тек на подготовка е ПДНА и предвидено е истата да биде финализирана до 20 октомври 2016 година. Претходно, на 13 октомври 2016 година, воедно и Меѓународен ден за намалување на ризиците од катастрофи, во просториите на СЕП беше договорено да се одржи јавна презентација на резултатите од ПДНА.
Блажеска и Винтон изразија благодарност за посветеноста и добрата соработка во поглед на подготовката на овој документ и искажаа задоволство од досега сработеното.
ПДНА е методологија која е договорена во 2008 година помеѓу Светската банка, Европската унија и Обединетите нации со цел да се обезбеди добра соработка и добра координација во пост кризни и пост катастрофални ситуации, со цел да се направи обновување и реконструкција во еден процес за да се избегне преклопување на напорите кои ги преземаат партнерите.