Новости
четврток, 22 септември 2016 15:07
Во рамките на манифестацијата „Европска недела на мобилност“ денес се одржа настанот „Ден без автомобили“ на кој учествуваше вицепремиерот за европски прашања Адеми заедно со евроамбасадорот Жбогар и министерот за животна средина и просторно планирање Амети.
„Големиот број на луѓе што се приклучија денеска е доказ дека ние ги препознаваме и споделуваме заеднички европските вредности, а тоа е една причина повеќе да бидеме дел од европското семејство“-изјави Адеми.
Темата на годинешната Европската недела на мобилност е „Паметна и одржлива мобилност-влог за Европа“ а ја организираа Град Скопје, Министерство за животна средина и просторно планирање, Делегацијата на Европска Унија во Скопје и УНДП.
Република Македонија 7ма година по ред учествува на овие настани чија цел е да се зголеми јавната свест за потребата за користење на алтернативни превозни средства и преку тоа да се придонесе за намалување на загаденоста на воздухот.