ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Најави
Повик и упатство за аплицирање за средства од Механизмот за поддршка на Европските интеграции
17:13, понеделник, 08 август 2016

Механизмот за поддршка на Европските интеграции е флексибилен механизам, наменет за зголемување на способностите на владините институции при подготовка на проектите. Проектите, пак, ќе бидат финансирани со средства од ИПА и/или сопствени средства на институцијата-корисник, и/или со помош од МФИ (Меѓународни финансиски институции).
Поконкретно, Механизмот за поддршка на Европските интеграции ќе обезбеди ад-хок, краткорочна или долгорочна помош, наменета за:


• Поддршка на земјата Корисник при подготвување на ефективни стратешки планови во разните секторски области, често проследени со подетални инвестициски стратегии;

• Поддршка на Националниот ИПА Координатор (НИПАК) при планирањето и програмирањето на проектите предвидени за ИПА - финансирање, преку помагање во консултациите со останатите учесници во процесот, како и советување во однос на подготовката на нацрт-Проектната документација.

• Обезбедување стручна помош при подготвување на тендерската документација за спроведувањето на проекти предвидени за ИПА - финансирање;

• Поддршка при изградба на неопходните капацитети и системи за понатамошна децентрализација;

• Подготовка на технички спецификации за проектите.

За средства од овој механизам можат да аплицираат сите државни институции како што се владините секретаријати, министерствата, државните агенции, директоратите, инспекторатите, ИПА структурата и други државни институции вклучени во планирањето на политиките и спроведувањето на обврските и мерките кои произлегуваат од релевантните стратешки документи (НПАА, Извештајот за напредок од ЕК, ЕРП и т.н.).

Повикот за аплицирање за овие средства е отворен од 15 август до 21 септември 2016 година и апликациите со пополнет Анекс 1 и пропратно писмо да се пратат на е-маил адресата euif@sep.gov.mk и во хартиена форма до архивата на СЕП.

 

Документ за превземање

 

Сподели ја содржината!
Најави
CEPF Med: Call for Letters of Inquiry Call for Letters of Inquiry On behalf of the Critical Ecosystem Partnership Fund we announce a new Call for Letters of Inquiry for large grants for the Mediterranean Basin Biodiversity Hotspot. · Criteria: Projects must address issues in either Strategic Direction 1 (conservation in coastal areas) or Strategic Direction 4 (conservation of plants). · Eligible countries: Albania, Cabo Verde, Jordan, Lebanon, Libya, FYR Macedonia, Montenegro, Morocco and Tunisia. · Budget: Project budgets must be between US $20,000 and US $250,000. · CLOSING DATE: Wednesday 14th February 2018 (midnight GMT) Please refer to the request for Letters of Inquiry here, which describes all required deliverables and detailed instructions on how to submit a Letter of Inquiry. Best wishes The Regional Implementation Team
Видео материјал промовирање на ИПА Проектот НАТУРА2000 Видеото е изработено во рамки на ИПА проект „Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000“, НАТУРА2000 е најголемата координирана мрежа на заштитени подрачја во Европа. Нејзина цел е да обезбеди долгорочен опстанок на највредните и загрозени видови и живеалишта во Европа, наведени во Директивата на ЕУ за птици и Директивата на ЕУ за живеалишта.
„MATRA ПРОГРАМА ЗА ОБУКИ ПО ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО“
Видео материјали промоција на програмата на ИПА фондовите
Видео материјали промоција на програмата Еразмус+.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2018 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.