Новости
вторник, 31 мај 2016 13:26
Денес Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Арбр Адеми оствари работна средба со Н.Е. г-ѓа Луиза Винтон постојан координатор на ООН и постојан претставник на УНДП во нашата земја.
Г-ѓа Винтон му го честиташе на вицепремиерот Адеми назначувањето на новата функција со надеж за унапредување на досегашната соработка.
На почетокот на средбата вицепремиерот Адеми истакна дека УНДП е значаен партнер на нашата земја и континуирано не подржува во многу значајни области, како демократско владеење, социјално вклучување, животна средина и енергетика.
За време на средбата се дискутираше и за тековните активности кои УНДП ги презема во однос на реализацијата на тековниот проект за санирање на штетите од поплавите со ИПА средства.
Дополнително, се разговараше за можностите за обезбедување поддршка за воспоставување на систем за рано предупредување и спречување на поплави во Полошкиот регион. Беа дискутирани проектите кои УНДП ги спроведува преку европски фондови за процесот на фискална децентрализација и мерките за самовработување.
Исто така беше посочено дека би било значајно да се разгледа можноста за продолжување на подржката и во однос областите поврзани со Итните реформски приоритети.
Покрај тоа соговорниците се осврнаа и на значајниот ангажман и поддршка обезбедена од УНДП и другите агенции на ОН за справување со предизвиците од мигрантската криза и обезбедување соодветна хуманитарна помош за мигрантите.