Новости
понеделник, 23 мај 2016 14:33
Денес Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Арбр Адеми оствари работна средба со амбасадорот на Италија во Македонија, Н.Е. Ернесто Масимо Белели.
За време на средбата, Вицепремиерот Адеми и амбасадорот Белели разговараа за актуелните политички случувања во земјата по Одлуката на Уставниот суд за времено запирање на правните дејствија кои произлегуваат од Одлуката за самораспуштање на Собранието.
Соговорниците истакнаа дека е значајно во наредниот период да се преземат чекори за целосно исполнување на обврските од Политичкиот договор на инклузивен и транспарентен начин. Воедно беше посочено дека е потребно да се стави фокус на исполнување и на обврските од Итните реформски приоритети.
Интеграцијата во евро-атланстките структури е стратешки приоритет на земјата и не постои друга алтернатива, посочи Адеми и нагласи дека поддршката од ЕУ, САД и другите меѓународни институции е особено значајна.
Вицепремиерот Адеми и амбасадорот Белели констатираа дека билатералната соработка меѓу двете земји е на особено високо ниво и се заложија за нејзино продлабочување. Во тој контескт Адеми искажа благодарност за поддршката која земјата ја добива од Италија во евроинтегративните процеси