Новости
петок, 20 мај 2016 14:43
Во просториите на Секретаријатот за европски прашања денеска се одржа редовен состанок со претставниците на ИПА структурата и претставници од Делегацијата на Европска Унија. Со состанокот претседаваше Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, д-р Арбр Адеми во функција на Национален ИПА координатор.
Вицепремиерот Адеми истакна дека целта на продолжувањето и интензивирањето на овие состаноци е:
• навремено да се следат и да се надминат предизвиците со кои се соочуваме при искористувањето на ИПА фондовите, а во насока на тоа и успешно завршување со ИПА 2007-2013, т.е. со контрактирање на преостанатите проекти во рамки на сите 5 ИПА компоненти;
• обезбедување на функционалност на секторскиот пристап во програмирањето на ИПА 2 и
• успешно спроведување на единствената листа на проекти усвоена од Националниот Инвестициски Комитет.
За време на состанокот во однос на статусот на ИПА 1 беше истакнато дека е подготвен Акцискиот план за надминување на наодите од научените лекции и истиот е усвоен на Влада на 29.03.2016 и активностите се движат во насока на спроведување на Акцискиот план – истакна Адеми.
Воедно, околу искористеноста на средствата од ИПА 2007-2013 вицепремиерот Адеми побара од ИПА структурата да го информира за тековното спроведување на проектите.
Во врска со програмирањето на средствата од ИПА 2 беше истакнато дека е завршен процесот за програмирање на 2014 и 2015 и веќе е започната реализацијата на првите проекти од ИПА 2. Завршена и постапката на програмирање на секторските програмски документи за 2016 година и се очекува одобрување на програгмискиот пакет од страна на Европска комисија кон крајот на годината.