Говори
четврток, 25 април 2013 09:07
Добро утро почитуван Комесаре и европска делегацијо, почитувани членови на Националниот совет за евроинтеграции, почитувани пратеници, почитувани претставници на медиумите, почитувани присутни. Европската интеграција претставува недвосмислено една од најдобрите алтернативи за Република Македонија, да не кажам алтернатива за стабилна, мирна и развиена Република Македонија, земја што гарантира енергија на мир, стабилност и развој за целиот регион. Почитувани, европската перспектива е токму таа која што ни гарантира подобра иднина, почитувајќи се меѓусебно, имајќи разбирање за визијата, желбите за еден заеднички живот за сите нас и за еднакви можности во еден сложен свет со многу предизвици.
Би сакал да продолжам со оваа дискусија со осврнување на Европската агенда за граѓаните на Република Македонија.
Господине Филе, споделувајќи со вас еден многу конкретен факт од Република Македонија, доколку прашате денес или секогаш кога сте во посета на Република Македонија што граѓаните очекуваат од Македонија, каде сакаат да ја видат Македонија или каде ја гледаат во иднина или како ги гледаат можностите и перспективите на Република Македонија во евроатланската иднина, ќе добиете според сите истражувања дека повеќе од 80% од луѓето дека ќе ви дадат одговор дека сакаат стабилна, развиена Република Македонија, членка на Европската унија. Овој одговор, без разлика дали се тие Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци или било кој друг, без разлика дали се Муслимани, дали се Христијани, дали се академици, студенти, политичари, профеционалци, новинари, ќе го добиете истиот одговор. Ова е она што нашите граѓани го сакаат. Тоа е нивната волја и кое е ветувањето од политичарите? Ветувањето е она што го видовте низ изминатите години, низ изминатите декади, што Македонија изјави и како Македонија напредуваше кон приклучувањето на Европската унија. Нема да одиме во подеталности, но сите овие факти, но предизвикот кој што го имаме е како да ја исполниме нашта цел? Како да го одржиме ветувањето пред нашите луѓе, а ветувањето кое што може да го одржиме како што не научи животот не мора да биде многу софистицирано или комплицирано. Тоа е многу едноставно. Доколку имаме волја, доколку сме искрени за она што го кажуваме може да најдеме начин, а начинот е да бидеме инклузивни за да учествуваме сите во ова. Во ова во кое што го очекуваме и во овој поглед би сакал да кажам и да искажам во име на Секретаријатот, во име на Владата, но и во име на нашите граѓани, да искажам благодарност за огромната подршка која што ја дава Европската унија кон Република Македонија и кон регионот за овој процес.
Во овој поглед високиот пристапен договор е навистина добар инструмен за нас, за да дадеме одраз на овие приоритети и овие реформи кои што се случиле. Секако овој прогрес е препознат и нема двоумење дека извештајот ќе биде објективен и истиот ќе биде одраз на она што е сторено во Република Македонија.
Во овој процес, отварам колку што сме и ние самите можеме да бидеме поуспешни. Како што се осврнавте до сега напредокот е забележан за Република Македонија. Има многу предизвици кои што не се запишани во документите. Тука се и изборите, меѓуетничкото почитување и толеранција. Сите овие прашања се приоритети. Сите сме луѓе и ние сите можеме да бидеме рационални и да ги исполниме сите наши предизвици и да се соочиме со истите. Може да кажам дека успеавме да спроведеме избори кои што беа ефикасни и компетитивни. Успеавме да надминеме период на предизвици во политичкиот дијалог и меѓуетничките односи во земјата со која што истата се соочуваше. Може да кажам дека бевме најуспешни кога соработувавме. Вистинскиот збор е да соработуваме, да се почитуваме меѓу себе и да ги вложиме сите капацитети, со цел да бидеме што по напредни во овој процес како што е дефинирано во високиот предпристапен дијалог и заклучоците кои што беа споменати во декември од Европската унија. Во очекување сме, како партнери со Европската комисија, институциите на Република Македонија се во очекување да покажат напредок во оваа насока. Би сакал да кажам дека во овој процес, секако дека имаме различни институции на овој форум.
Би сакал да кажам дека успехот или пак одложувањето на овој процес не е само на грбот на Владата или на сметка на Парламентот или другите институции, напротив. Целиот овој успех е успех на Република Македонија и истиот ќе биде почитуван и е гарант на побрз успех. Благодарам.