Европската комисија одобри финансирање за 210 нови проекти во рамките на третиот повик за Програмата Живот + (2007-2013), европскиот фонд за животна средина. Проектите се од цела ЕУ и покриваат активности во областа на заштитата на природата, животната средина, политика, како и информации и комуникација. Генерално, тие претставуваат вкупна инвестиција од 515 милиони евра, од кои ЕУ ќе обезбеди 249,8 милиони евра.
Живот + природа и биодиверзитет проекти за подобрување на заштитата на загрозените видови и живеалиштата. Од добиени 194 предлози , Комисијата избра за финансирање 84 проекти од партнерства на конверзациони тела, владини органи и други странки.
Живот + полтика на животна средина и управување со проекти се пилот проекти кои придонесуваат за развој на иновативни политички идеи, технологии, методи, и инструменти. Од добиени 308 предлози, Комисијата избра за финансирање 116 проекти од широк спектар на организации од јавниот и приватниот сектор.
Живот + информатички и комуникациски проекти за десиминација информации со цел да се подигне профилот на животната средина и да обезбеди обука и подигање на свеста за превенција од шумскит пожари. Од добиени 113 предлози, Комисијата избра за финансирање 10 проекти од широката палета организации од јавниот и приватниот сектор, природата и / или животната средина, кои се на теми како што се биодиверзитет, климатски промени, отпад и вода.
Живот + е Европски финансиски инструмент за животна средина и има вкупен буџет од 2,143 милијарди евра за периодот 2007- 2013 година. Во текот на овој период, Европската комисија ќе отвора по еден повик годишно за проекти во рамки на програмата Живот +.