| [12.07.2010] |
| Комисијата предлага пакет мерки за зголемување на заштитата и довербата на потрошувачите во финансиските услуги |
[ назад кон листата на новини ]
|
Како дел од својата работа, а тоа е создавање на побезбеден и поцврст финансиски систем, спречување на идни кризи и враќање на довербата на потрошувачите, Европската комисија денес предложи промени на постоечките европски правила за сопствениците на банкарски сметки и инвеститори во трговија на мало. Освен тоа, Комисијата започна јавна консултација во врска со можностите да се подобри заштитата на корисниците на осигурителни полиси, вклучувајќи ја и можноста да се состават Шеми за осигурителна гаранција во сите земји членки. За корисниците на банкарски сметки, мерките усвоени денес значат дека во случај нивната банка да банкротира, тие побрзо би ги добиле своите пари назад (за 7 дена), зголемено покритие (до 100 000 евра), и подобри информации за тоа како и кога се заштитени. За инвеститорите кои што ги користат услугите за инвестирање, Комисијата предлага побрза компензација ако една инвестициска фирма не успее да го врати капиталот на инвеститорот заради измама, административна несовесност, или оперативни грешки, додека нивото на компензација треба да се подигне од 20 000 евра до 50 000 евра. Инвеститорите исто така ќе добијат подобри информации за тоа кога би се применила шемата за компензација, и би добиле подобра заштита против измамнички проневери, при кои што нивниот капитал е во сопственост на трето лице- како во неодамнешната афера Мадоф. Предлозите, потполно во согласност со заложбите на ЕУ според Г20, сега се предадени на разгледување од страна на Европскиот парламент и Советот на министри.
|
|