English      


[05.07.2010]
Комисијата ги идентификуваше пречките кои го попречуваат создавањето на поефикасен и поправеден систем на услуги во малопродажбата во Европа

[ назад кон листата на новини ]

  

Комисијата денеска го усвои извештајот со кој се идентификуваат клучните прашања кои потенцијално го отежнуваат создавањето на еден поефикасен и поправеден систем на малопродажни услуги во рамките на внатрешниот пазар при што започна со јавна консултација за извештајот, за одредување на иднината на политичките приоритети во овој домен. Намалената достапност на основните малопродажни услуги, оскудните информации за малопродажбата подалеку од локалните пазари, бавниот раст на електронската трговија, можната злоупотреба на договорените практики во синџирите за малопродажба, недостатокот на транспарентност на етикетите за квалитет, незадоволителното функционирање на услужните пазари на работна сила, како и мошне различните еколошки пристапи кон малопродажните услуги во ЕУ, се идентификувани како клучни прашања кои потенцијално го отежнуваат развојот на секторот на малопродажни услуги. Крајниот рок за доставување на предлози е 10 септември 2010 година. Одговорите ќе бидат вградени во мерките што Комисијата ќе ги предложи на есен, како дел од Единствениот пазарен акт.
 



12345678910...
Секретаријат за европски прашања 2008