| [02.07.2010] |
| Натпревар "Со музика против сиромаштијата": Младите Европејци повикуваат на борба против сиромаштијата во светот! |
[ назад кон листата на новини ]
|
Денес, Европската комисија започна Европски музички натпревар повикувајќи ги младите Европејци на возраст меѓу 15 и 25 години да достават песни за изразување поддршка на борбата против сиромаштијата во светот. Секој учесник треба да создаде оригинална песна за општото прашање на развојот, и особено на осумте Милениумски развојни цели. Победниците - избрани со гласање преку интернет и жирито составено од професионалци од музичкиот свет - ќе добијат професионална студиска снимка на нивната песна и ќе имаат можност да се претстават за време на Европските денови на развојот кои ќе се одржат во декември 2010 година во Брисел. Музичкиот натпревар е дел од "Јас се борам против сиромаштијата", посветена на подигнувањето на свеста кај тинејџерите за активностите на ЕУ за соработка во областа на развојот.
|
|