English      


[02.07.2010]
Комисијата ги зајакнува внатрешните капацитети за истражување преку новата стратегија на Заедничкиот центар за истражување

[ назад кон листата на новини ]

  

Истражувачкото тело на Европската комисија, Заедничкиот центар за истражување (ЗЦИ), денес ја објави новата стратегија за периодот 2010-2020 година.
Таа предвидува засилена научна поддршка во процесот на креирање на политиките на ЕУ, базирана на проценки на опциите идентификувани во тесна соработка со Генералниот директорат за политики на Европската комисија.
Многу од комплексните предизвици ги надминуваат традиционалните граници на политиките и бараат мулти-дисциплинарно истражување.
Со цел да се обезбеди најдобра поддршка и да одговори на глобалните предизвици на ЕУ, Заедничкиот центар за истражување, имајќи ги предвид сопствените надлежности, неговите напори ќе ги фокусира на седум тематски области:

• Насоченост кон отворена и конкурентна економија
• Развој на општество со ниска употреба на јаглерод
• Континуирано управување со природните ресурси
• Безбедност на храна и производи за широка потрошувачка
• Нуклеарна безбедност и заштита
• Безбедност и управување со кризи
• Референти материјали и мерни единици

Целта на Заедничкиот истражувачки центар е да ја надополни својата вообичаена научна и техничка поддршка со макроекономска оценка на политичките опции кои се на располагање. Со цел да се анализираат добрите и лошите страни на таквите опции, надлежностите во социо-економското истражување и моделирање, базирани на расположливото знаење, ќе се прошират и интегрираат со природните науки и инженерството.

 



12345678910...
Секретаријат за европски прашања 2008