| [22.07.2010] |
| Средба: Наумовски-Лелуш |
| |
[ назад кон листата на новости ]
|
Денес, заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Васко Наумовски се сретнa со министерот за европски прашања на Француската Република Пјер Лелуш. „На денешната средба ги информиравме нашите француски пријатели за активностите кои Република Македонија ги презема во насока на исполнување на критериумите за членство и реформските процеси во повеќе области. Меѓу двете земји и народи постојат цврсти врски кои не се загрозени од ниту едно отворено прашање“, изјави вицепремиерот Наумовски по средбата. Тој истакна дека Македонија и Франција соработуваат во повеќе области, а како посебни ги истакна соработката во реформата на јавната администрација и обуката на државните служебници на Академијата за административна обука во Франција „Франција ја поддржува Македонија на патот на евроинтеграциите и посакува таа да си го заземе местото што и припаѓа во Европската унија. Тоа е во интерес на македонскиот народ и во интерес на стабилизирање на регионот “, нагласи министерот Лелуш. 
|
|