Секторот за подготовка на националната верзија на acquis communautaire (правото на Европската унија) централно координативно тело задолжено за координација на процесот на подготовка на националната верзија на правото на Европската унија, за преведување на законодавството на Република Македонија на еден од службените јазици на Европската унија, како и да го следи развојот на јазичните прашања во насока на исполнување на критериумите за интегрирање на Република Македонија во Европската унија во доменот на јазикот.
Секторот за подготовка на националната верзија на acquis communautaire е составен од две одделенија:
- Одделение за координација на процесот на преведување, задолжено за изготвување на план за преведување, подготовка на документите, доставување на истите до агенциите за преведување, техничките комитети задолжени за стручна и правна ревизија на преводите на правните акти на ЕУ, ажурирање на базите на податоци, како и изготвување на упатство за целиот процес и улогата на сите учесници (Техничко упатство за процесот на преведување на правните акти на Европската унија)
- Одделение за ревизија и терминологија, задолжено за усогласување на терминологијата, следење на квалитетот на преводите на правните акти на ЕУ и на РМ, изготвување на прирачници (Прирачник за преведување на правните акти на Европската унија) како и одржување на терминолошката база на податоци.
Во работата на Секторот за подготовка на националната верзија на acquis communautaire вклучени се и:
- надворешни агенции преку кои се обезбедува преведувањето и лекторирањето на македонски јазик,
- техничките комитети задолжени за стручна и правна ревизија на правните акти на Европската унија во чиј состав влегуваат претставници од соодветни институции на државната администрација, јавната администрација, приватни правни лица и невладини организации.
- Исто така, се образува и посебен т.н. Технички комитет за верификација на терминологијата и националната верзија на правото на Европската унија, во чиј состав учествуваат претставници од Правниот факултет, Економскиот факултет, Македонската академија на науките и уметностите, Институтот за македонски јазик, Филолошкиот факултет, Секретаријатот за законодавство и Секретаријатот за европски прашања.
Целиот процес на подготовка на националната верзија на правото на Европската унија и на преведувањето на законодавството на Република Македонија со сите предвидени и планирани активности, потребни финансиски и човечки ресурси е претставен во Стратегискиот план за подготовка на националната верзија на правото на Европската унија и на преведувањето на законодавството на Република Македонија, донесен од Владата на Република Македонија во мај 2006 година.
Бази на податоци важни за Секторот за подготовка на националната верзија на acqis communautaire :
1. Регистар за следење на процесот на преведување на правните акти на Европската унија (Translation register)
2. ЕУ-терминологија и корпус на Интернет (TermBase)
3. Поимници